Парламентарни избори во Бугарија во недела

Во недела во Бугарија се одржуваат парламентарни избори, први по зачленувањето на земјата во Европската Унија. Десноцентристичката опозиција на градоначалникот на Софија, Бојко Борисов е фаворит во однос на владејачките социјалисти на премиерот Сергеј Станишев, меѓутоа евентуалното неосвојување мнозинство ќе го направи проблематично составувањето на влада во земјата, која е сериозно погодена од светската економска криза, објавија денеска западните агенции.