Странски набљудувачи ја напуштаат Грузија

Мисијата на ОБСЕ во Грузија се повлече по 17 годишно присуство во земјата. Организацијата соопшти дека набљудувачите ги напуштиле своите канцеларии кои беа лоцирани во Каралети близу регионот Јужна Осетија. Повеќе од 130 набљудувачи на Обединетите Нации денеска почнаа да се повлекуваат и од регионот Абхазија. Набљудувачите треба да ја напуштат Грузија најкасно до 15 јули.