Схефер очекува подобрување на соработката меѓу Русија и НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер изрази увереност дека денешниот состанок на рускиот министер за надворешни работи Сергеи Лавров со претставници на земјите членки на Алијансата ќе придонесе кон подобрување на соработката на официјална Москва со меѓународната организација. Станува збор за прв состанок на Русија со 28 претставници на земји членки на Алијансата по руската офанзива на Грузија минатата година.