Врховното законодавно тело на Иран, Советот на чувари на Уставот, денеска соопшти дека немало изборна кражба на претседателските избори на кои официјален победник е Махмуд Ахмадинеџат. Портпарол на Советот изјави дека, освен помали неправилности, кои се појавувале на сите избори, годинашните претседателски биле најдобри досега. Претседателските кандидати Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби и натаму ги оспоруваат резултатите и бараат нивно поништување.