Петмина полицајци загинаа во Ирак

Петмина полицајци загинаа во експлозија на бомба поставена покрај пат во градот Фалуја во западниот дел на Ирак. Неколку часа подоцна двајца цивили загинаа а триесетмина се повредени во експлозија на бомба поставена на автобуска станица во шиитската област Баја во Багдад. Американските вооружени сили соопштија дека нема промени во планот за нивно повлекување од земјата.