Јас направив се, а Скопје треба да биде флексибилно за името, порача Схефер!

Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Схефер денеска од Астана, Казахстан, каде што се одржува третиот Безбедносен форум на Евроатлантскиот партнерски совет изрази надеж дека Скопје ќе покаже поголема флексибилност за решавање на прашањето за името со Грција. Како што јави Миа. Шефер изјавил дека смета оти направил се што е во негова моќ за подршка на Македонија во Нато. Одлуката на Самитот на Алијансата во Букурешт, посочи Схефер, беше јасна дека мора да се најде решение за прашањето за името.На маргините на форумот, македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски оствари повеќе неформални средби меѓу кои со американскиот помошник-секретарот за одбрана на Александар Фершбоу. На средбата со Фершбоу било потврдено е дека Соединетите Држави остануваат силен партнер на Република Македонија.