Форум на ЕАПС за состојбата во Авганистан

Во Астана, Казахстан, денеска и утре ќе биде одржан безбедносен форум на Евроатлантскиот партнерски совет (ЕАПС). Форумот ќе започне со неформална работна вечера, а пленарниот состанок утре ќе го отвори генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Схефер. Учесниците потоа во неколку работни групи ќе дискутираат на повеќе теми, а фокусот ќе биде состојбата во Авганистан. На форумот ќе учествува и македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски.