Пад на македонскиот БДП

Во првото тримесечје од 2009 година Бруто-домашниот производ (БДП) бележи пад од 0,9 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Според податоците на ДЗС, во првиот квартал најголем пад на БДП од 7 отсто има во секторите Вадење на руди и камен, Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас и вода. Министерот за финансии Трајко Славески, од друга страна, изјави дека Македонија успеа да го избегне најлошото во услови кога многу земји бележат подрастично намалување на економската активност