ЕУ е најголем мировен проект во историјата, изјави Тадиќ.

Европската Унија е најголем мировен проект во историјата што ги афирмира културните различности во чии рамки се штитат и доградуваат сопствените идентитети, а Западниот Балкан е неотуѓив дел. Ова на отворањето на 16 тиот Самит на земјите од Централна Европа го изјави српскиот претседател Борис Тадиќ . Обраќајќи им се на присутните претседатели тој истакна дека „економијата, енергијата и интеграцијата се три теми кои ќе ја обликуваат нашата заедничка иднина. На Самитот во Нови Сад учествуваат претседателите на Македонија, Србија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Италија, Молдавија, Полска, Словачка, Словенија, Украина, Хрватска, Црна Гора и Чешка.