Авионот на Ерфранс кој се урна неодамна во Атлантикот, најверојатно се распаднал уште во воздух, покажуваат истражувањата на вештите лица. Коските на жртвите имаат многу скршеници, а телата не се повредени однадвор, што укажува на тоа дека авионот се распаднал во воздух, изјавил за Асошиејтед прес британски вештак по судска медицина. Службите на Бразил, САД и Франција сеуште трагаат по остатоците на Ербасот кој се урна на 31 мај, при што загинаа 228 луѓе. Сеуште нема трага ни од црните кутии на авионот.