Ситуацијата на Косово- тема на седница на Советот за безбедност на ОН

Советот за безбедност на ОН денеска ќе го разгледува најновиот извештај на генералниот секретар на Светската организација Бан Ки Мун за ситуацијата на Косово. Во извештајот, меѓу другото, се оценува дека безбедносната состојба е релативно мирна и покрај загриженоста поради инцидентите во северно Косово и барањето на властите во Приштина за повлекување на УНМИК. На денешната седница ќе биде претставен и редовниот тримесечен извештај за работата на УНМИК, а обраќање ќе има и шефот на мисијата Ламберто Заниер.