Протести во Грузија

Грузиската полиција разби група граѓани кои протестираа пред полициска станица во Тбилиси. Според официјални извори, неколкумина се повредени. Тензиите во Грузија се зголемуваат во изминативе два месеци. Приврзаниците на опозицијата бараат актуелниот претседател Микхеил Сакашвили да си даде отставка, главно поради минатогодишната кратка војна со Русија.