Снимки на Ратко Младик

Обвинетиот од Хашкиот Трибунал за воени злостроства во Босна и херцеговина Ратко Младик се шета слободен во Србија. Овие снимки предизвикаа големи реакции во регионот
Уредникот на политичкиот магазин ,,Шеесет минути,, на телевизијата на Федерацијата на Босна и Херцеговина Бакир Хаџиомеровиќ ги негираше тврдењата на официјален Белград дека сите снимки на Ратко Младиќ емитувани во неговата емисија во средата биле стари најмалку осум години. ,,Што друго да се очекува од властите во Србија, земјата каде што Младиќ слободно живее веќе 14 години,, изјави тој во врска со снимките на кои во прв план е хашкиот бегалец Ратко Младиќ