Шпанија ги повлекува војниците од Косово

Шпанија ќе ги повлече своите војници од Косово и е задоволна од одлуката на НАТО да ги намали силите на КФОР. Шпанската Министерка за одбрана изјави дека тие не ја признаваат независноста на Косово и нема да придонесуваат во јакнењето на институциите на таа земја. Моментално во составот на КФОР има 542 шпански војници. НАТО претходно донесе одлука со која драстично ќе се намали бројот на војниците на Косово и тоа од 15.000 на 5.000 војници.