Состанок на министри за одбрана во седиштето на НАТО во Брисел

Министерот за одбрана на Македонија Зоран Коњановски ќе престојува во дводневна работна посета на седиштето на НАТО во Брисел, каде што ќе учествува на состанок на министрите за одбрана во Евроатлантскиот партнерски совет и на состанокот на Североатланскиот совет со земјите контрибутори во мисијата ИСАФ во Авганистан. За време на посетата, министерот Коњановски ќе има билатерални средби со неговите колеги од Словачка, Чешка и Литванија, за јакнење на соработката и довербата во рамките на операциите на Алијансата, но и за натамошно продлабочување на воспоставените билатерални релации во делот на одбраната