Вонреден состанок за ширењето на „новиот грип“

Светската здравствена организација за денеска закажа вонреден состанок на експертите за да дискутираат во врска со ширењето на вирусот на грипот Ха 1 Ен 1. Директорот на организацијата Марагарет Кан вчера имаше консултации со официјални здравствени претставници од осум земји каде што се појави инфекцијата. Од појавата на грипот во Мексико и во САД, во април годинава, од вирусот на грипот беа инфицирани луѓе во 74 земји, а околу 140 имаа фатални последици.