Новата црногорска влада пред парламентот

Црногорскиот парламент денеска ја продолжува расправата за предлог составот и програмата на новата влада која вчера на пратениците им ја претстави мандатарот Мило Ѓукановиќ. Во експозето, Ѓукановиќ најави дека стратегиски цели на владата и натаму ќе бидат влез на Црна Гора во ЕУ и во НАТО. Тој предлага повеќето од досегашните министри да останат на своите функции, а во новата влада ќе има тројца потпретседатели.