Намален интерес за изборите за пратеници во Европскиот Парламент

Денеска во Словачка, Латвија, Чешка, Кипар, Италија и Малта се одржуваат избори за пратеници во Европскиот Парламент. Според официјалните извештаи, излезеноста на гласачите е скромна. Интересот за овие избори се намалува низ цела Европа во изминативе неколку години и покрај тоа што Европскиот Парламент има важна улога во креирањето на европското законодавство.