Министерот за енергетика на Ерменија Армен Мовсисиан изјави дека неговата земја потпишала договор за изградба на нуклеарна централа. Проектот за изградба, како што посочи министерот, е доделен на австриска фирма. Вредноста на новата централа се проценува на 4,5 милијарди американски долари а предгвидено е изградбата да заврши во 2017 година.