Нови разговори за иранската нуклеарна програма

Францускиот претседател Никола Саркози утре во Париз ќе се сретне со Министерот за надворешни работи на Иран, со цел да разговара за иранската нуклеарна програма. Обединетите Нации го санкционираа Иран поради нуклеарната програма. Иранските власти, од друга страна, тврдат дека програмата за производство на збогатен ураниум не е наментета за производство на нуклеарно оружје.