Владеачката партија победи во Ерменија

Ерменската изборна комисија соопшти дека владеачката партија ги доби изборите во главниот град Ереван со освоени 46 насто од гласовите. Со освоени над 40 насто од гласовите во саботата, кандидатот на Републиканската партија Гагик Белариан ја задржува позицијата. Втора по бројот на освоени гласови е Партијата за просперитетна Ерменија, членка на владеачката коалиција. На трето место по бројот на гласови се наоѓа опозицискиот Ерменски национален конгрес на чело со поранешниот претседател Левон Тер – Петросијан со освоени 17 проценти од гласовите.