(Зло)употреби на (не)владиниот сектор

Експертите се согласуваат дека граѓанскиот сектор не е имун на политички влијанија. Според нив, организациите за една употреба ја девалвираат работата на останатите НВО
Граѓанскиот сектор не имун на политички влијанија, се согласуваат експерите.
Некои невладини ја критикуваат владината политика, некои ја фалат, а други посуптилно отвораат теми кои индиректно се поврзани со политиките на власта или на опозицијата. Но за нив важи правилото дека никнуваат и умираат веднаш откако ќе ја остварат својата цел, велат експертите.

Мирјана Најческа поранешна претседателка на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Македонија, вели дека политичарите и
Така што, ако таа е транспарентна и таа вели дека ќе се залага за нешто во политиката тука нема ништо лошо. Проблем е што кај нас невладините организации понекогаш се регистрираат и за приватни бизниси итн, зашто е либерален законот и може да никнат преку ноќ
невладините организаци треба тесно да соработуваат.

„Невладините организации треба да ги користат политичарите за лобирање, за промовирање на нивните идеи и она што сакаат да го остварат.“

Но она што не е добро е тоа што се создаваат невладини за една употреба кои ја девалвираат работата на останатите граѓански организации, објаснува Најческа

Нема ништо лошо ако одредена невладина организација работи во корист на некоја партија, се додека тоа е во согласност со статутот и програмата на организацијата, вели Јован Донев од„ Евро Балкан“.

„Така што, ако таа е транспарентна и таа вели дека ќе се залага за нешто во политиката тука нема ништо лошо. Проблем е што кај нас невладините организации понекогаш се регистрираат и за приватни бизниси итн, зашто е либерален законот и може да никнат преку ноќ“

Од државната комисија за спречување на корупција велат дека и тие ја следат работата на невладините организации. Тоа што партиите се завземат за одредена опција е лобирање, и со законот за лобирање треба да се дефинираат активностите, .вели првата антикорупционерка Мирјана Димовска.
Изјава.

Во земјава се регистрирани околу 6.000 невладини организации, но според активноста на нивните жиро-сметки, практично функционираат само една четвртина од нив.