Потпретседателот на САД Бајден во посета на Либан

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден денеска во Бејрут, како што е најавено, ќе ја изрази поддршката на Соединетите држави за независен и суверен Либан. До оваа посета на Бајден доаѓа по неговата балканска турнеја, а на две недели пред парламентарните избори во таа земја. Според анкетите, можно е на нив да победи шиитската партија Хезболах која Вашингтон ја смета за терористичка организација.