Бајден во Приштина: Косово не може да биде поделено

Потпретседателот на САД Бајден и претседателот на Косово Сејдиу

Признавањето на независноста на Косово е неповратлив процес, изјави денеска во Приштина, американскиот потпретседател Џозеф Бајден кој со ова посета ја завршува турнејата на Балканот.
Американскиот потпретседател Џозеф Бајден во Приштина беше пречекан од косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, од премиерот Хашим Тачи и од претседателот на Парламентот на Косово Јакуп Красничи. На свечената церемонија во зградата на косовскиот Парламент Бајден беше награден со „Златен орден на слободата“.

,,Соединетите држави ставија јасно до знаење дека признавањето на независноста на Косово е неповратен процес. Тоа нема да се смени.,,

Изјави потпретседателот Бајден, кој во обраќањето во косовскиот парламент, осврнувајќи се на вшерашната посета на Белград рече:

,,Побарав од српското раководство да го запре трговското ембарго и им реков дека Косово не може да биде поделено.,,

Тоа, според Бајден, е можно доколку косовската влада продолжи во изградбата на мултиетничкото општетство.
Мислам дека владата направи забележителен напредок во изминатава една година. Критичен елемент во продолжувањето на тој успех е мултиетничката природа на ова општество.

Изјави Бајден. За официјална Приштина, неговата посета има големо политичко значење, бидејќи со неа се потврдува поддршката на Вашингтон на косовската независност, вели советникот на косовскиот претседател Џавид Беќири:
Соединетите држави ставија јасно до знаење дека признавањето на независноста на Косово е неповратен процес. Тоа нема да се смени ...


,,Со доаѓањето на Бајден се искажува големата и постојана приврзаност на Соединетите држави на регионот и на Косово.,,

Бајден денеска ќе го посети манастирот Високи Дечани, а потоа и американските војници во составот на КФОР во базата Бондстил. Косовските срби, најавувајќи го својот протестен собир поради престојот на Бајден, сепак изјавија дека неговата посета треба да се искористи за да побараат институционална заштита:

,,Без оглед на тоа што Америка има многу јасен став спрема статусот на Косово, не би смееле да ја пропуштиме оваа посета и да ја искористиме за да побараме подобри услови за живот и за враќање на србите на Косово.,,

Вели претседателот на косовскиот одбор на СПО Ранѓел Нојкиќ.