Преговори Русија - Грузија

Претставници на Русија и на Грузија денеска треба да ја одржат петтата рунда преговори за безбедносни и хуманитарни прашања, со цел да се намалат меѓусебните тензии по минатогодишната војна. Дво-дневните преговори во Женева се под покровителство на Европската Унија, ОБСЕ и Обединетите Нации.