Литванија ќе има прва жена претседател. Далиа Грибаускаите, актелна комесарка за буџет на Европската Унија, победи во првиот круг на претседателските избори во Литванија. Таа најави дека најголем предизвик ќе и биде справувањето со економската криза и корупцијата и оти ќе ја искористи нејзината стручност за извлекување на Литванија од рецесијата.