Американскиот дипломат Џејмс Стајберг вчера во Атина денеска во Скопје

Американскиот заменик државен секретар на Џејмс Стајнберг денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија. За време на посетата заменикот државен секретар Стајнберг ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и со претставници на политички партии. Со нив тој ќе разговара за американско – македонските односи, за регионалната и меѓународната соработка , како и процесот на интегрирање на земјата во евро-атлантските структури. Стајнберг во Македонија пристига од Грција, каде што вчера имаше средби со грчкиот премиер Костас Караманлис и со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани. Тој во Атина учествуваше на состанокот на светската економската и политичка група Билдерберг.