Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во посета на Азербејџан

Турција денеска упати ветување до Азербејџан дека нема да ја отвори својата граница со Ерменија се додека Ереван не престане да се меша по прашањето за спорниот регион Нагорно Карабах. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ова го изјави по денешната средба во Баку со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев. Турција во 1993-та година ја затвори границата со Ерменија во знак на поддршка на Азербејџан, кој е во конфликт со Еременија околу регионот Нагорно Карабах.