Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска ја реафирмираше подршката за операциите на НАТО во Либија, откако тамошните власти ги обвинија силите на Алијансата за убиство на синот на лидерот Муамар Гадафи и три деца. Според Камерон, интервенцијата во северноафриканската земја е во согласност со резолуцијата на Обединетите нации. Британскиот премиер посочи дека извештаите за убиството на 29 годишниот син на Гадафи и неговите три деца се уште не се потврдени. Претходно од НАТО соопштија дека при воздушните напади, наменети за заштита на цивили, не се напаѓаат индивидуалци.