Стапија во сила правилниците на СРД за медиумското покривање на изборите

Советот за радиодифузија (СРД) информира дека од денеска стапија во сила „Правилникот за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања“ и „Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања.“ „Правилниците во Службен весник беа објавени на 27 април, а официјално стапија на сила денеска, 28 април“ се вели во соопштението од СРД и се повикуваат радиодифузерите своето работење веднаш да го усогласат со овие подзаконски акти. Доколку при мониторингот бидат констатирани прекршувања, СРД веднаш ќе ги изрече соодветните мерки, се дополнува во соопштението.