Утре средба на грузискиот претседател со опозицијата

Претседателот на Грузија Михаел Саакашвили прифати утре да се сретне со лидерите на опозицијата. Согласноста од страна на Саакашвили доаѓа по минатонеделните судири меѓу опозиционите активисти и полицијата во Тбилиси. Опозицијата веќе еден месец оддржува протести, барајќи оставка од Саакашвили.