Еден загинат во масовна тепачка во Дагестан

Руската полиција соопшти дека еден човек загинал, а четворица се сериозно повредени меѓу кои еден полицаец, во масовна тепачка во јужната провинција Дагестан, во која учествувале околу 1500 лица. Полицијата информираше дека тепачката избила меѓу жители на две села поради расправии околу резултати по натпревар во борење. Насилниците биле вооружени со ножеви и пиштоли. Неколку дестина луѓе се приведени.