За Додик се најважни односите со Русија

Премиерот на Република Српска Милорад Додик ги повика Србите, кои служат во босанската армија, да не учествуваат во вежбите на НАТО во Грузија.Додик изјави дека е против учеството на босанските војници во вежбите и оти за него е најважно одржувањето на добрите односи со Русија. Врз основа на одлуката на државното претседателство, усвоена пред една година, Босна се заложи да испрати околу 20 војници и офицери во вежбите на НАТО во Грузија. Хрватскиот член на босанското претседателство Жељко Комшиќ изјави дека Додик поттикнува кон противзаконски дејствија и одбивање на извршување наредба, што е за осуда. Тој го повика високиот претставник на меѓународната заедница во Босна Валентин Инцко да ги изврши своите надлежности и да го смени Додик, а државниот обвинител Милорад Барасин да започне кривично гонење против Додик.