Борците заборавени од владата

Владата на Република Македонија

Селективното учење на историјата и ставањето на пиедестал на едни периоди пред другите, може да и нанесе штета на историјата, велат експертите. Според нив многу влади до сега протежирале одредени периоди и забранувале други. Во пресрет на 9 мај, денот кога се слави победата на фашизмот, борците од народноослободителната војна велат дека власта како да заборавила на нив.

,,Не исфрлија од буџетот комплетно. А, кога станува збор за организации им дадоа пари на гулабарите и таквата категорија. Како да
Не исфрлија од буџетот комплетно. А, кога станува збор за организации им дадоа пари на гулабарите и таквата категорија. Како да бидеме задоволни? Јас им врлам ако не беше 1941 – 1945, ако не беа 14,000 жртви и ако не беше Прохор Пчињаки, ќе беше господинот Никола Груевски претседател на Владата?
бидеме задоволни? Јас им врлам ако не беше 1941 – 1945, ако не беа 14,000 жртви и ако не беше Прохор Пчињаки, ќе беше господинот Никола Груевски претседател на Владата?"

објаснува Гавро Пановски, претседател на Сојузот на борците. Професорката Виолета Ачковска, вели дека сите влади досега манипулираат со историјата , имаат лаички познавања и не се консултираат со историчарите. А тоа што во последно време се врши антиквизација на историјата, не е ништо чудно, тоа е враќање на еден период кој бил забрануван со децении, вели професорката.

,,Една нормална реакција за нешто кога ви бранат, нормална реакција е да се претерува можеби во спротивната насока. Значи, се работи понекогаш и за претерување, но доколку се остави науката да си ја работи својата работа, тогаш тоа е нормална работа, и така треба да се прифати. Јас воопшто не го прифаќам терминот Антиквизација, мислам дека е тотално измислен за политички цели, а не заради реалноста,"

вели професорката Виолета Ачковска. Периодот на втората светска војна е голема трагедија, но поуката од војната човештвото не ја научи, вели Ачковска.

Утрешниот ден на победата над фашизмот, ќе се одбележи со положување на цвеќе на гробовите на борците, ќе се одржат и комеморации. Денот на победата над фашизмот, се поклопува и со одбележувањето на Денот на Европа.