Според најновите податоци на Светската Здравствена Организација во 23 земји во светот се потврдени повеќе од две илјади случаи на вирусот од свински грип. Светската Здравствена Организација наведува дека во Мексико се регистрирани над 1 100 заразени и четириесет и два смртни случаи. Во Соединетите Држави пак, се регистрирани 642 заболени.