Европската Унија денеска ги повика грузиските власти на воздржаност, откако речиси едно месечните протести против претседателот Михаел Саакашвили прераснаа во насилства. Имено, во вчерашните судири меѓу опозицијата и полицијата во Тбилиси биле повредени 30-тина лица, а властите привеле и тројца опозициони активисти кои подоцна биле ослободени.