Триесетина повредени во протестите во Тбилиси

Триесетина луѓе биле повредени во вчерашните судирите меѓу приврзаниците на опозицијата и полицијата во грузискиот главен град Тбилиси. Полицијата употребила палки во растерувањето на демонстрантите кои, според грузиските власти, се обиделе да влезат во една полициска станица каде што биле приведени тројца опозициски активисти. Тие денеска биле ослободени. Опозицијата веќе еден месец протестира, барајќи оставка на претседателот Михаел Саакшвили кого го обвинува за политичката и економската криза во земјата.