Нови 25 заболени од свински грип во Канада

Во Канада се регистрирани нови 25 случаи на инфицирани со свински грип, со што бројката на заразени во таа земја се искачи на 165. Најмногу заболени има во Мексико, каде досега има 840 заразени. Според податоците на Светската здраствена организација, вкупниот број на заболени од вирусот на свински грип се искачил на 1490.