Премиерите на Словенија и Шведска за економската криза

Словенечкиот премиер Борут Пахор денеска ќе отпатува во посета на Шведска, која од 1-ви јули го презема претседателството во Европската Унија. Пахор со премиерот на Шведска, Фредерик Рајнфелд, како што е најавено, ќе размени ставови околу приоритетите на шведското претседателство, како и за мерките против економската криза.