Заврши енергетскиот самит во Софија

Непречено и непрекинато снабдување со природен гас и пронаоѓање алтернативни патишта од Каспискиот регион, е неопходно со цел зголемување на енергетската сигурност на земјите во регионот, е заклучок од дводневниот енергетски самит кој денеска заврши во Софија. На самитот ,,Природен гас за Европа, безбедност и партнерство“ учествуваа претставници од 28 држави.