Можна деблокада на Хрватскиот пат кон ЕУ

Последниот предлог на европскиот комесар за проширување Оли Рен е добра основа за решавање на хрватско-словенечкиот граничен спор изјави, министерот за надворешни работи на Хрватска Гордан Јандроковиќ. Како што јави Хина, предлогот на европската тројка, ги одделува од преговорачкиот процес двостраните прашања, и ги деблокира хрватските преговори за присоединување кон Европската Унија и уредување на граничниот спор во согласност со меѓународното право пред меѓународна судска инстанца.