Шефот на американскиот Генерал Штаб адмирал Мајк Мулен денеска допатувал во ненајавена посета во Авганистан. Како што се јавува, Мулен е во посета на авганистанската провинција Вардак за разгледување на новата одбрамбена програма, која предвидува ангажирање на волонтери од авганистанските заедници за одбрана од бунтовниците. Оваа програма е слична со напорите на американските трупи во Ирак за формирање на партнерство со локалните сунитски племенски водачи, што придонесе за значително намалување на насилствата во оваа земја.