Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи побарал од командантот на коалиционите сили Дејвид Мек Кернан да ги објасни последните инциденти кога при операција на меѓународните трупи во провинциите Кост и Кунар загинаа десет цивили. НАТО и американските сили во соработка со авганистанските трупи спроведоа истрага за инцидентот и преземаат одговорност во врска со несреќата, наведува генералот Дејвид Мек Кернан во соопштението испратено од кабинетот на Карзаи. Тој исто така на средбата изразил жалење за несреќата.