Грција за Кипар - Турција за малцинството

Министрите за надворешни работи на Грција и Турција Дора Бакојани и Али Бабаџан, имале билатерална средба за време на форумот Алијанса на цивилизациите, што се оддржува во Истанбул, пишува весникот „Вима“. Бакојани пред Бабаџан го поставила прашањето на Кипар, изјавувајќи дека секое решение на политичкиот проблем за островот треба да биде трајно. Бабаџан го потегнал прашањето за муслиманското малцинство в грчка Тракија. Шефот на грчката дипломатија одговорила дека тоа е грчко, а не билатерално прашање и дека Атина има јасна малцинска политика, пишува Вима.