Момчило Перишиќ на привремена слобода

Хашкиот трибунал одлучи привремено да го пушти на слобода поранешниот началник на Генералштабот на Војската на Југославија Момчило Перишиќ. Нему му се суди за злосторства над несрпското население во Сараево, Сребреница и Загреб, во периодот од 1992 до 1995 година. Во меѓувреме, хашкото обвинителство побара од трибуналот да му наложи на обвинетиот Јовица Станишиќ да се врати од привремената слобода заради лечење во Србија.