Американскиот претседател Барак Обама во рамки на денешната посета на Турција изјави дека неговото гледање на резолцијата со која убиствата врз ерменците од страна на Отоманските Турци во 1915-та година се квалификуваат како ,,геноцид“ не е променето, но избегна да го употреби терминот. Зборувајќи на прес конференцијата со турскиот претседател Абдула Ѓул во Анкара, Обама исто така ги охрабри турско-ерменските преговори за решавање на отворените прашања и нормализирање на односите. Во рамки на посетата на Турција, Обама ќе има средба и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, а ќе се обрати и во Парламентот. Американскиот претседател на вчерашниот самит Европска Унија- Соединетите Држави го поддржа членството на Турција во Унијата.