При напад во Питсбург загинаа тројца полицајци

Вооружено лице уби тројца полицајци во американскиот град Питсбург, во втор напад во Соединетите држави во изминативе 24 часа. Полицајците биле повикани да реагираат по известување за нарушување на јавниот ред и мир во еден дом во Питсбург, по што вооружениот напаѓач отворил оган врз нив. Тој подоцна е приведен од страна на полицијата. До последниот напад доаѓа само ден откако вооружен напаѓач уби 13 лица во еден центар за имигранти во државата Њујорк.