Прв телевизиски дуел меѓу Иванов и Фрчкоски

Решавањето на спорот со името и влезот на Македонија во НАТО беа главни теми на првото телевизиско соочување на претседателските кандидати Ѓорге Иванов и Љубомир Фрчкоски. Кандидат на СДСМ Фрчкоски смета дека воопшто не се водат преговори за името и ја обвини владата дека со антиквизација ги урнала македонските меѓународни позиции. Тој вети решение за името без допирање на македонскиот национален идентитет и без промена на уставното име. Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Иванов ги отфрли обвинувањата дека Македонија е изолирана, додавајќи дека власта прави напори за компромис кој, како што рече, ќе биде разумен, а не понижувачки. Вториот кург на претседателските избори ќе се одржи на петти април.