ЕУ - Западен Балкан во Хлубока над Влтава

EU Foreign Ministers at the Hluboka nad Vltavou

Меѓу ветувањата на Советот на Европа за политика на отворени врати на земјите од Западен Балкан во ЕУ и изјавата од 16 Март на германската канцеларка Ангела Меркел дека само Хрватска може да се надева на завршувањето на преговорите до крајот на оваа година утре во велелепниот замокот Хлубока над Влтава, на министрите за надворешни работи на ЕУ ке им се приклучат и нивните колеги од Западен Балкан. Имено една и единствена точка од дневниот ред на утрешниот неформален состанок на ЕУ министрите со колегите земјите кандидати Хрватска Турција и Македонија како и со шефовите на дипломатиите на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија е интеграцијата на регионот во Европската Унија. Изјавата на Меркел дека на ЕУ и е потребна консолидација пред било какво идно проширување предизвика многу прашања за тоа колку е таа сериозна во намерата за промена во курсот на политиката за проширувањето или според некои аналитчари, станува збор за предизборна реторика, а според Евро комесарот за надворешна политика Хавиер Солана политиката кон Балканот останува иста.

"Секогаш имајте го на ум приципот дека перспективата за сите земји од Западен балкан да станат дел од Унијата останува отворена. Тоа никој не го променил".

Денеска пак во некогашно седиште на племенската лоза на актуелниот чешки министер за надворешни работи Карел Шфарценберг се одржува состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на кој се разговараше за развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, мисијата на Европската Унија во Авганистан, и Источното Партенерство со бившите советски републики. Како што е повекепати повторено Источното Партнерство и Западен Балкан се едни од приоритетите на Чешкото Претседателсто со Унијата. Инаку против политиката на ЕУ и разместување радар во Чешка состанокот на минситрите за надворешни работи ке биде следен со протести на десничарсите радикали од Делничката Партија