Петмина милитанти убиени во Авганистан

Американските и авганистанските трупи убиле петмина милитанти во операција во авганистанската провинција Кундуз. Во операцијата се уапсени четворица други милитанти. Според локалните власти повеќето од убиените не биле милитанти. Полицијата соопшти дека околу 300 луѓе започнале протести во градот во провинцијата против извршената операција.